Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
60
46.11
38.07
13.88/5.93
60.00
24.50
0.41
5424.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 60
70 ■ 0.99/0.01 ■ 7 ■ 904.4
Best clustering variants
70 0.99/0.01 7 904.4
16:06 h 22-Oct-2024
  • Државната комисија за спречување корупција, отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.
  • ◉ ДКСК отвори предмет поради сомнежи за неправилности во именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ
09:27 h
  • Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски.
  • СДСМ: Бојан Христовски е личен избор на Мицкоски – партизацијата на АНБ ја потврди и Таравари
12:10 h 21-Oct-2024
  • Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност е поставен од премиерот и Владата во манир на диктаторство и на таков начин е направено „партиско киднапирање“ на една од најсериозните институции во безбедносната сфера, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во Собранието.
  • СДСМ ќе ги информира стратешките партнери за „партиското киднапирање“ на АНБ
10:03 h
  • СДСМ покажаа и докажаа дека се симбол на злоупотреба на државните ресурси за приватни и партиски цели, а институциите на системот ги претвори во партиски штабови, реагира утрово ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската партија за партизација на институциите.
  • ШТО БЕА ЗЕЧЕВИЌ, ДИМОВСКИ И МУСЛИУ ОСВЕН ИСТАКНАТИ СДСМОВЦИ Безбедносните служби повеќе не се партиски испостави, реагира ВМРО-ДПМНЕ
09:39 h
  • „Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат.
  • СДСМ: Директорот на АНБ нема соодветен безбедносен сертификат
09:19 h
  • Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат.
  • Партискиот директор во АНБ, Бојан Христовски нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик, велат од СДСМ
12:30 h 20-Oct-2024
  • Назначувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ освен што е опасна партизација отвора и низа сомнежи за тоа дали воопшто ги исполнува законските услови да биде на ваква висока позиција.
  • СДСМ: Лаже ли Бојан Христовски во биографијата? Нема TOEFL центар во Бугарија
10:03 h
  • СДСМ целосно ја партизираше државата така што и во безбедносните структури, место професионалци, на раководни позиции назначуваше партиски послушници, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.
  • СДСМ НАЗНАЧИЛ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ВО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ Еролд Муслиу активно следел функционери на ВМРО-ДПМНЕ, обвини партијата
Libertas

Истовремено, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, да заземе став и да го запре најавеното спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање (АР). „Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што кога веќе има ваква најава за партизација на оваа институција, а тоа значи дополнително зголемување на капацитетите на АНБ кога би се фузионирала според најавите на премиерот со Агенцијата за разузнавање.

Тоа ќе биде една многу гломазна институција која тешко ќе се контролира, којашто впрочем видовме во едно минато време до 2016 година за што и како се користеше“, Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика многубројни прашања и реакции во јавноста. Libertas

360stepeni

На ваквите реакции, од ВМРО-ДПМНЕ одговораат со контраобвинувања во кои велат дека СДСМ додека бил на власт ги партизирал и злоупотребувал безбедносните служби за приватни и партиски цели.

Во таа насока од владејачката партија посочуваат на поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, инаку прв директор на Агенцијата, за кого велат дека бил долгогодишен партиски функционер на највисоките тела на СДСМ, меѓу кои на Извршниот одбор на партијата. 360stepeni

  • Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), стигнала до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, рече дека претставката се однесува на наводи за незаконско именување и оформен е предмет.