Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски. Denesen
Aнонимна претставка во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) стигнала до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, рече дека претставката се однесува на наводи за незаконско именување и оформен е предмет. Denesen
Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста.
Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски. Civilmedia
Ќе се отпочне со обезбедување на потребна документација до АНБ и Владата како орган кој го именува.
По рокот за достава на овие податоци од 15 дена, и по обезбедување на документација и утврдување на фактичката состојба ќе донесеме одлука на јаван седница, изјави Димитровска за МИА. Press24
Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска потврди дека до нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет и веќе се постапува.
Наводите се однесуваат на неисполнување на услови за именување на директор. Faktor
Неколку дена по именувањето во Државната комисија за спречување корупција пристигнала анонимна претставка со наводи дека Бојан Христовски е незаконски поставен за директор на Агенцијата за национална безбедност Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска за Дојче веле изјави дека веќе се постапува по овој случај. Nezavisen
Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.
Според претседателката на ДКСК Татјана Димитровска предметот е отворен по анонимна претставка, која е во врска со условите за поставување на директор на АНБ. Republika
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска за Телма потврди дека по анонимна претставка е отворен предмет.
Претставката се однесува на условите за директор на АНБ односно според претставката се оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба. Telma