Министерката, исто така, кажа дека во моментот како услов ни е поставен процесот на уставни промени, но истовремено никаде не отфрли можност за дијалог за иницијативи, бидејќи и духот на еворпските вредности е меѓусебе да комуницираме, да дискутираме и сите да сме сигурни дека стратешки сме усогласени за истиот правец.Јас тоа навистина го ценам што една голема земја членка како Германија, би рекол, прати една силна порака, порача Муцунски на денешната Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигитална трансформација“.