Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна. Alsat
Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.
Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година. Sitel
На 10 септември Владата ги смени историчарите од македонската делегација обвинувајќи дека претходниот состав „не бил бранител на националните интереси на македонскиот народ“.
Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а други членови се Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Faktor