Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош. Biznisvesti
Секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини, оценува министерот за локална самоуправа Златко Перински по најавите на општините Струмица и Карпош дека ќе го напуштат ЗЕЛС. Press24
Општина Струмица се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа. Mk
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, апелира до градоначалниците на Карпош, Стевчо Јакимовски, и на Струмица, Костадин Костадинов, „да се вразумат“ и да ја преиспитаат својата одлука за излегување од Заедницата на единиците на локална самоуправа. 360stepeni
Најавата од Општините Струмица и Карпош за излегување од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе и штети не само на Заедницата, туку и на сите други општини, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински. 360stepeni
Добро е и во иднина да остане така, изјави за Курир министерот за локална самоуправа Перински по најавите на Општина Карпош и Струмица за излегувањето од ЗЕЛС.
Перински за КУРИР посочува дека секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини. Press24
Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме – изјави Перински.
Од Општина Струмица денеска официјално соопштија дека се откажуваат од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов дека ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Novamakedonija
Градоначалникот на општина Карпош на денешната прес конференција најави дека општина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од страна на централната власт.
„Причини за напуштање на ЗЕЛС има многу. Press24
Ѓорѓиевски го оцени за несериозен потегот на двајцата градоначалници зашто, како што рече, едниот ја соопштил одлуката преку социјалните медиуми, а другиот преку прес-конференција.
За одлуките на Јакимовски и Костадинов рече дека не е официјално информиран како претседател на ЗЕЛС, а до овој момент, како што посочи, нема стигнато официјално барање за излегување на овие две општини од Заедницата. Libertas
Стевче Јакимовски, градоначалникот на скопската општина Карпош вчеравечер во гостување на поткаст-емисија, а коментирајќи го случајот со Општина Струмица, најави дека и Општина Карпош ќе се приклучи на најавите за напуштање на ЗЕЛС.
И јас ќе се придружам на Општина Струмица. Republika
Во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) засега нема пристигнат официјален допис од Општина Струмица дека сака да ја напушти организацијата и го повикувам колегата Костадин Костадинов добро да размисли пред да донесе таква одлука која е на штета на опптината и на граѓаните, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за Плусинфо.
Освен Струмица, најави за напуштање на ЗЕЛС пристигнаа и од Опптика Карпош. Plusinfo