Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна. Sitel
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати. Press24
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати.
Тој истакна дека имал многу долг, крајно отворен и искрен разговор со Фон дер Лајен и дека има работи за кои Европската Унија ја критикува Србија, но дека претседателот на ЕК секогаш бил подготвен да ја сослуша нивната страна. Press24
Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја пречека Фон дер Лајен, врачувајќи и букет цвеќе за добредојде на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на државата, Европската комисија (ЕК) вчера и официјално ја одобри реформската агенда на С Македонија. 360stepeni