Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна. Novamakedonija
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати. Press24
Заедничка прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на Европската Комисијa Урслула фон дер Лајен. Kanal5
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово на белградскиот аеродром Никола Тесла ја испрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и и се заблагодари за помошта, поддршката и разбирањето што таа, како што рече, „секогаш го покажувала кон Србија“.
Во објава на Инстаграм, Вучиќ изрази очекување дека со Лајен на чело на ЕК, партнерството на Србија со ЕУ ќе биде „посилно, поблиско и пообемно“. Denesen
Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и по тој повод откри дека „Србија работи на отворање на кластерот 3“. „Исто така, се надевам дека ќе го отвориме кластерот три до крајот на годината. A1on
Србија е една од најнапредните земји во процесот на пристапување во Европската унија и на неа е да избере брзина на пристапување, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.
Фон дер Лајен рече дека партнерството меѓу Србија и Европската унија станува се посилно, а ЕУ е првиот трговски партнер и инвеститор на Србија. Fokus
Фон дер Лајен рече дека партнерството меѓу Србија и Европската унија станува се посилно, а ЕУ е првиот трговски партнер и инвеститор на Србија.
Напредокот на Србија на европскиот пат и почетокот на имплементацијата на Планот за раст на Западен Балкан беа во фокусот на разговорот меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен. Libertas
Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја пречека Фон дер Лајен, врачувајќи и букет цвеќе за добредојде на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на државата, Европската комисија (ЕК) вчера и официјално ја одобри реформската агенда на С Македонија. 360stepeni