Директор во МЕПСО од редовите на СДС и ДУИ доделил тендер во вредност од 10 милиони евра на фирма која е директно поврзани со него, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, тендерот од МЕПСО за набавка на уред за корекција на напонски профил на албанската компанија „Шанси Инвест“ заедно со Далековод АД Заегреб, им е доделен во период кога раководителот на комерцијалниот сектор на МЕПСО бил Мелаим Адеми. Netpress
Друго, уште посуштинско прашање е во чии џебови и на чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите од Шанси инвест од разликата во цените?
Затоа, го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори истражна постапка за оваа јавна набавка на МЕПСО, да ги испита сите индиции и докази и да утврди дали Шанси инвест е параван фирма за наплата на милиони евра од функционерите на СДС и ДУИ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Republika
Раководството на СДС и ДУИ во МЕПСО дозволиле фирмата Шанси Инвест да биде фирма на која ќе и исплатат аванс од 20%, за набавка на уредот за корекција на напонски профил, иако истата од 2019 до 2023 година нема приходи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Press24