Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Press24
Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.
Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно. Press24
Прашан за неговото патување во Дубаи, Филипче рече дека не сака да коментира работи од неговиот приватен живот.
Во однос на претседателката на ЛДП и пратеничката Моника Зајкова, Филипче одговори дека таа присуствува на координациите на пратеничката група, а денеска е отсутна затоа што е на службено патување во САД. A1on