Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Biznisvesti
Предлог-законот, денеска на прес-конференција во Собранието, го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.
Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски, рече Филипче, и ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот. A1on
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1,200 до 2,000 денари. Biznisvesti
Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието. Libertas
Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти.
Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети. Kanal5
Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ – истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.
Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно. Novamakedonija
Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните, велат од СДСМ. Press24
Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму.
Во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно, посочи денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање во однос на најавата за предвремени парламентарни избори. Kanal5
Граѓаните не се задоволни и од животниот стандард.
Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. Kajgana
ВМРО-ДПМНЕ порача до Венко Филипче со неговата пратеничка група, денес да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниска расправа.
Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Skopjeinfo
Да дадат амандмани коишто ќе бидат сериозни и коишто ќе може да се поддржат.
На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. 360stepeni
Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари.
Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ. A1on
Со усвојување на предлог-законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи храна, граѓаните ќе може да заштедат и до 2.000 денари месечно, истакна пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска. Libertas
Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија“, потенцира Филипче.
Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати. Kanal5
Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на делување согласно индивидуални толкувања на деловникот“, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција.
Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и подобрување на животниот стандард на работниците. Nezavisen
СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. Skopjeinfo
Предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи нема да биде поддржан од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најави денеска пратеникот од редовите на владејачкото мнозинство Бојан Стојановски. 360stepeni
Прашан за неговото патување во Дубаи, Филипче рече дека не сака да коментира работи од неговиот приватен живот.
Во однос на претседателката на ЛДП и пратеничката Моника Зајкова, Филипче одговори дека таа присуствува на координациите на пратеничката група, а денеска е отсутна затоа што е на службено патување во САД. Nezavisen