Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. A1on
Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието. 360stepeni
СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, што претходно беше одбиен од владината коалиција со образложение дека нема фискални импликации.
„СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, кој владината коалиција го одби со образложение дека нема фискални импликации. Nezavisen
Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат.
На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. Netpress
„Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана.
Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието. A1on
СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. Skopjeinfo
И во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ.
На прес-конференцијата, Филипче се соочи и со други прашања. Telma
„Со усвојување на предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи храна, граѓаните ќе може да заштедат и до 2.000 денари месечно.
Со ова законското решение се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ-то ќе се намали од 5% на нула проценти. Fokus
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи измените и дополнувањето на Законот за ДДВ поднесен од СДСМ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари. Kanal5
„Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари. Press24
СДСМ поднесе закон за намалување на цените на основните прехранбени производи. Sitel