Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Nezavisen
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи измените и дополнувањето на Законот за ДДВ поднесен од СДСМ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари. Kanal5
Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ – истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.
Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно. Novamakedonija
Го повикувам Венко Филипче со неговата пратеничка група, денес да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниска расправа.
Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Denesen
СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, што претходно беше одбиен од владината коалиција со образложение дека нема фискални импликации.
„СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, кој владината коалиција го одби со образложение дека нема фискални импликации. Nezavisen
Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат.
На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. Plusinfo
Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Netpress
Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на делување согласно индивидуални толкувања на деловникот“, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција.
Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и подобрување на животниот стандард на работниците. Nezavisen
Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието. 360stepeni