Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието. Libertas
Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. A1on
ВМРО-ДПМНЕ порача до Венко Филипче со неговата пратеничка група, денес да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниска расправа.
Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Skopjeinfo
Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат.
На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. Skopjeinfo