Демократската унија за интеграција се реформираше со заминувањето на шефот на урбаниот криминал и слуга на коцкарската индустрија Изет „Мегавин“ Меџити, велат од опозициската ДУИ како коментар на повикот за реформи во партијата, наместо охрабрување за избори, што утринава ѝ го упатија од владејачката „Вреди“.
ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време – ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски прашан за изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е подготвен за парламентарни избори заедно со локалните.
„Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ.
Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.