Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од директорот на Управата за животна средина Игор Никоски и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска го посетија СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци, каде на лицеместо имаа можност да ги видат иновациите, односно машините за прочивтсвување на воздухот, произведени со менторство на нивниот професор Димитрије Ангелковски.