Сметам дека сите земји од Западниот Балкан треба заедно да влезат во Европската Унија, а не некоја да оди понапред од друга, изјави за МИА министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која денеска во рамки на својата работна посета на Брисел говореше на панелот „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“ во рамки на Конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“. Press24
Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел.
Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти. Novamakedonija
Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.
За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП). Republika
Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни“, порача министерката Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека Реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото. Kanal5
Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.
Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Novamakedonija
Во однос на Планот за раст на регионот, таа нагласи дека Министерството за финансии ја подготвило комплетната потребна документација и нашиот договор за Инструментот за раст и реформи е испратен до Европската комисија, по што сега се чека одговор дали е прифатлив во таква форма.
Димитриеска-Кочоска посочи дека во Рамки на планот на раст земјава треба да добие над 50 милиони евра во форма на предфинансирање, но дека исплатата е одолговлечена затоа што Србија поставила дополнителни прашања во однос на нејзиниот договор. Press24
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на работната посета на Брисел, денеска ќе учествува на конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“.
Предвидено е министерката Димитриеска-Кочоска да се обрати на првиот панел на конференцијата насловен „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“, на кој ќе стане збор за актуелните и идните предизвици на процесот на проширување на ЕУ. Според најавите, Димитриеска-Кочоска ќе се осврне на реформите што и претстојат на земјата на патот кон полноправно членство во ЕУ, содржани во неодамна усвоената Реформска агенда, при што се очекува да ја реафирмира цврстата определба на македонската Владата за нејзино спроведување. Kanal5
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се обрати на Конференцијата на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за борба против ширење на мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во ЈИЕ во организација на ОБСЕ, од каде упати порака за системска борба со криминалот и корупцијата. Press24
Затоа тоа е нешто што треба да стои на страна и понатаму да се разговара, но приемот треба да биде заеднички на сите земји од Западниот Балкан, особено што, пак ќе кажам, станува збор за прашање коешто не можеме да го измериме и да кажеме дали Македонија направила се што треба или не направила, додаде Димитриеска-Кочоска.
Министерката посочи и дека ние како земја што чека да почне преговори со ЕУ, ги исполнуваме обврските коишто ни се дадени и тоа со една забрзана динамика особено во делот на Планот за раст на Западниот Балкан. Press24