Во денешното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити истакна дека 40% од проектите со кои аплицирале општините за искористување на 100 милиони евра од Владата се во делот на животната средина.
Нови 50 милиони евра, кредит од Европската инвестиициска банка, кои биле обезбедени, но не и искористени, ќе им бидат на располагање на општините – најави вечерва првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.