Заканата по животот што ја добив на мојот службен мејл е одраз на поларизацијата на нашето општество, бидејќи таа беше упатена по мојата изјава за дефиницијата на албанскиот јазик во Уставот, изјави вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.
За жал, како што информирав синоќа, по мојата изјава за медиумите заедно со европскиот амбасадор Михаилис Рокас, на мојот мејл примив закана со смрт за еден дел од изјавата која се однесуваше на промена на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. A1on
Фетаи порача дека авторот на оваа закана ќе биде идентификуван и ќе добие заслужна казна, согласно законските одредби што се во сила, бидејќи, според него, преку такви закани не смее да се преминува, особено кога, како во овој случај, станува збор закана кон за вицепремиер.
„Ова го покажува нивото на нашето општество. Mk
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи преку објава на Фејсбук реагираше на, како што пишува, смртната закана „КУРШУМ ВО ГЛАВА ЗА ТЕБЕ ШИПО ФЕТАИ“ што ја добил во својот официјален мејл.
Според Фетаи, ваквата закана доаѓа еден ден по неговата изјава за отстранување на дефиницијата од 20 проценти за албанскиот јазик. Press24
Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Северна Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Press24
Известувачот Ваитз рекол дека Северна Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој ветил дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.
Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Novamakedonija