„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да реагирам на закана по живот што ја добив во мојата официјална е-пошта.
Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за издвојување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик“, објави вицепремиерот за добро владеење. Republika
Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл, добил порака со закана по животот.
Информацијата ја објави тој на својот Фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. Civilmedia
Заканата по животот што ја добив на мојот службен мејл е одраз на поларизацијата на нашето општество, бидејќи таа беше упатена по мојата изјава за дефиницијата на албанскиот јазик во Уставот, изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел. Press24
Фетаи порача дека авторот на оваа закана ќе биде идентификуван и ќе добие заслужна казна, согласно законските одредби што се во сила, бидејќи, според него, преку такви закани не смее да се преминува, особено кога, како во овој случај, станува збор закана кон за вицепремиер.
Ова го покажува нивото на нашето општество. A1on
Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Северна Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Press24