Вработените во образованието овој месец ќе ја земат октомвриската плата повисока за 5%, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече: „Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образование да биде повисока 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена.