За случувањата на Самитот и за евентуални средби, како што рече, јавноста ќе биде информирана преку соопштенија од владината прес-служба.
На Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, најавено е учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Kanal5
Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. A1on
Покрај ова ќе се одржат и посебни сесии посветени на миграцијата, приливот на илегални мигранти и нивната инструментализација, на економската безбедност, како и на прашања за поврзаноста на енергијата, транспортот, информатичката технологија и глобалната трговија.
Покрај пленарните сесии на маргините на форумот се предвидени и билатерални средби на учесниците. A1on