Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и го повика актуелниот министер Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Denesen
Во спротивно најавуваат протест.
Според претседателот на Синдикатот на професионални војници Александар Насковски, проблемот трае 11 месеци и е наследен од претходниот министер, а доколку во најбрз рок не се реши, професионалните војници ќе излезат на протести пред Владата како во 2009 година. Libertas
Тој криминал е наследен од претходниот министер и трае и до ден денеска во рамки на МО, изјави Насковски.
Во која НАТО Армија, праша Насковски, синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на претседателот и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице. Telma
Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба.
Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба со тоа што го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на армијата. Kanal5
Инаку, од НСПВ сметаат дека во периодoт од 1 декември 2023 до 28 мај 2024 година Петровска го сопрела функционирањето на Синдикатот спротивно на Законот за работни односи, ја сопрела уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на МО и го замрзнала членството, со што, велат од таму, го спречило синдикалното движење на Синдикатот.
Воедно, претседателот на Синдикатот, Александар Насковски, истакна дека ќе излезат на протести пред Владата ако, како што вели, блокирањето и криминалот врз Синдикатот не се сопре во најкраток можен рок. Libertas
Според претседателот на Синдикатот на професионални војници Александар Насковски, проблемот трае 11 месеци и е наследен од претходниот министер.
Доколку во најбрз рок не се реши, професионалните војници ќе излезат на протести пред Владата, како во 2009 година. Plusinfo
Независниот синдикат на професионални војници до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, поради основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.
Синдикатот го повика актуелниот министер за одбрана Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Plusinfo