Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и го повика актуелниот министер Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Telma
Професионалните војници бараат решавање на нивниот статус, право на пензионирање по 45 години и трансформирање на работниот однос на неопределено време, изјави Насковски.
Пријавеното лице, како што информираше Насковски денеска на прес-конференција пред ОЈО Скопје, во периодoт од 1 декември 2023 до 28 мај 2024 година го сопрела функционирањето на Синдикатот спротивно на Законот за работни односи, ја сопрела уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на МО и го замрзнала членството и со сето тоа, како што нагласи, го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата. Mk
Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична пријава против ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба со тоа што го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата. 360stepeni