Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и го повика актуелниот министер Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Libertas
Треба да има социјален дијалог, а не да се блокира и да се краде Синдикатот.
Професионалните војници бараат решавање на нивниот статус, право на пензионирање на 45-годишна возраст и трансформирање на работниот однос на неопределено време – изјави Насковски. Plusinfo
Тој криминал е наследен од претходниот министер и трае и до ден денеска во рамки на МО, изјави Насковски.
Во која НАТО Армија, праша Насковски, синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на претседателот и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице. A1on
Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба.
Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба со тоа што го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на армијата. Kanal5
„Во периодoт од 1 декември 2023 до 28 мај 2024 година го сопре функционирањето на Синдикатот спротивно на Законот за работни односи, ја сопре уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на МО и го замрзна членството и со сето тоа го спречи синдикалното движење на Синдикатот“ Во која НАТО Армија, вели Насковски, синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на синдикалниот претседател и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице.
Додаде дека Синдикатот на професионалните војници ќе излезе на протести пред Владата ако, како што рече, блокирањето и криминалот врз Синдикатот не се сопре во најкраток можен рок. 360stepeni
Според претседателот на Синдикатот на професионални војници Александар Насковски, проблемот трае 11 месеци и е наследен од претходниот министер.
Доколку во најбрз рок не се реши, професионалните војници ќе излезат на протести пред Владата, како во 2009 година. Netpress