Владеењето на правото, почитувањето на човековите права, правото на припадност на малцинства, повторно член 2, е основата.
Оттука, очекуваме владата на Северна Македонија да го исполни ова барање“, рече таа. Press24
Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). – Очекуваме земјата кандидат Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Северна Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“. A1on
Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). – Очекуваме земјата кандидат Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Северна Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“.
Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата. Biznisvesti
Кос во контекст на уставните измени на Македонија се повика на напишаното во најновиот Извештај на Комисијата за земјава.
Кос денеска во неколкучасовното сослушување од европратениците зборуваше и за билатерализацијата на процесот на проширување, со став дека билатераланите спорови меѓу земјите-членки и земјите-кандидати да бидат решени најбрзо што е можно за да не се блокира проширувањето и да не се поткопува довербата во процесот. Telma
Нема друг начин, истакна Кос.
Во воведното обраќање Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар. Biznisvesti
„Нашата задача е да бидеме најсилниот можен партнер на украинската нација.
Поддршката на Украина и отпорот на руската агресија е приоритет за мене“, нагласи таа. Nezavisen
Бугарските европратеници - членови на комитетот за надворешни работи, не застанаа на ова прашање.
Сакаа да ја чујат позицијата на Марта Кос за тоа како ќе се решаваат билатерaлните прашања меѓу земји членки и земји кандидатки, како што е тоа случајот меѓу Софија и Скопје, и дали таа, ако биде потврдена за еврокомесар за прошрување, ќе работи на тоа да се почитуваат правата на Бугарите во Северна Македонија. Mk
Ова е ставот на, Марта Кос, која попладнево ја доби довербата, односно беше потврдена како иден евркомесар за проширување од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Кос во контекст на уставните измени на Македонија се повика на напишаното во најновиот Извештај на Комисијата за земјава. Netpress
Кога зборувам за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите членки секако дека доаѓа прв.
Она што јас го гледам, а тоа ќе биде моја работа ако бидам потврдена за еврокомесарка, јас и моите колеги ќе направиме се што можеме за да не увезуваме билатерални прашања во процесот на проширување. Fokus
Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.
Кос се осврна и на слободата на медиумите во кандидати за членство, посочувајќи дека држава која не ги гарантира слободата на говорот и медиумскиот плурализам, не може да стане членка на ЕУ. Таа се обврза и на тесна соработка со Украина, поддржувајќи го нејзиното закрепнување и обнова во координација со Г7 и меѓународни партнери. Biznisvesti
Таа одговори дека кога станува збор за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите-членки е на прво место.
Потоа рече и дека ако стане еврокомесарка, ќе се потруди да не се увезуваат билатерални прашања во процесот на проширување. Faktor
„Одговорот е јасен и одговорот е дел од овогодишните извештаи за проширувањето“ нагласи таа.
Владеење на правото, почитување на човековите права, право на припадност на малцинства, повторно член 2, е основата. Fokus
Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности.
Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Biznisvesti
Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан.
Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. A1on
Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа.
Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Biznisvesti
Обврската за Македонија за впишивање на Бугарите во Уставот останува, порача Марта Кос, која денеска е потврдена како иден еврокомесар за проширување од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Plusinfo
Според неа, потребата е одржување на интегритетот на процесот на проширување и со конкретни активности во насока на постепена интеграција во ЕУ да им испрати позитивен сигнал на граѓаните на земјите кандидати за членство.
Кос нагласи и дека процесот на проширување не само што треба да се базира на исполнувањето на релевантните критериуми од земјите кандидати за членство, туку треба да биде транспарентен и во однос на парите што се трошат. Biznisvesti
Кос се обврза да обезбеди сите земји опфатени со проширувањето да бидат добро подготвени во овој процес, но ја нагласи и потребата од силна европска посветеност кон земјите кандидати.
Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан. Biznisvesti
Кос притоа рече дека таа поддржува амбициозност, но оти не може да има скратени патишта до членство, при што рече дека никогаш нема да прави компормис на квалитетот со брзината.
Кос која освен одговараше на прашања за проширувањето, евроинтегративни процеси на земјите-кандидатки, како да се обезбеди да нема назадување или застој во тие процеси, одговараше и за теми поврзани со нејзините семејни бинзиси и дали таа била соработник на тајните југословенски служби пред Словенија да се осамостои. Telma
Марта Кос, која попладнево беше потврдена за нова комесарка за проширување од страна на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, во своето обраќање ја истакна потребата Македонија да го промени уставот за продолжување на европскиот пат. Mk
Според неофицијалните информации на Н1, Кос успешно го минала испитувањето.
Запрашана како ќе се снајде во улогата на сегашниот Комесар за проширување, Оливер Вархеји, пред новинарите одговори: „Имам чевли, ќе одам во нив“. Telma
„Нема да се двоумам кога ќе предложам корективни мерки засновани на стагнација и уназадување“, ја спомена таа можноста да се направи чекор назад на патот на кандидатите во случај на негативни трендови.
Живееме во време на длабоки промени, авторитарните режими сакаат колапс на Европа, Украина се бори да го одбрани својот територијален интегритет и е на работ на брутална сила, рече Кос. Nezavisen