Нотираните забелешки од страна на Европската Унија во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава биле тема на разговор на денешниот состанок на Секторската работна група за реформа на јавната администрација во Владата на кој учествуваше и министерот за јавна администрација Горан Минчев. Novamakedonija
Во своето обраќање, тој нагласи дека реформите не се само административни мерки, туку реални чекори за подобрување на услугите кои администрацијата ги обезбедува за граѓаните и за бизнис заедницата.
На состанокот, Министерот Минчев се осврна на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, која има цел да создаде деполитизирана и професионална администрација што ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе овозможи стабилност и доверба во институциите. Netpress