Трансатлантските односи се незаменлива компонента на европската безбедносна архитектура.
Одговорите дадени сега би можеле да влијаат на иднината на Европа со децении. Nezavisen
Очекуваме земјата кандидат Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос, додавајќи дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидатите за членство.
Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар. Civilmedia
Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Civilmedia