Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, доби порака со закана по животот.
Тој информацијата ја објави на својот фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. Kanal5
Примивме јасни пораки дека постои еден моментум кој го немаше досега, за да продолжиме на европскиот пат на нашата земја и за да го интегрираме Западниот Балкан во ЕУ. За жал, овие прилики настанаа по руската инвазија врз Украина и веќе сите во Брисел и во сите главните градови на ЕУ ја сфаќаат значајноста на овој моментум, важноста од интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и на некаков начин и политичката сплотеност на европскиот континент, нагласи Фетаи.
Вицепремиерот информира дека слични пораки биле упатени и на Конференцијата за состојбите на Европа, во чии рамки се одржа и панел посветен на политиката на проширување на ЕУ. – Пораките беа кристално јасни дека постои еден извонреден моментум, кој треба да го искористиме како Западен Балкан и да ги завршиме останатите обврски. Republika
Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Северна Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, информираат од неговиот кабинет. Novamakedonija
Вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана.
Од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да реагирам на закана по живот што ја добив на мојата официјална е-пошта. Novamakedonija
Тој имал средби и со новиот известител на Европскиот парламент за Северна Македонија, европратеникот Томас Вајц кој доаѓа од австриската партија Зелени, како и со „старата пријателка на нашата земја и на Западниот Балкан“, Улрике Луначек, која, како што нагласи, е голем застапник на политиката на проширување на ЕУ. – Господинот Ваjц ми вети дека ќе ја следи линијата на неговата пратеничка група во Европскиот парламент и дека ќе има конструктивен и критички пристап во оние области каде што ќе имаме недостатоци – рече Фетаи.
На средбата станало збор и за борбата против корупцијата и за зајакнување на владеењето на правото, при што Вајц ветил дека во оваа насока ќе помага за решавање на „вонредните состојби наследени од власта на СДСМ и ДУИ“, кои, според Фетаи, не презеле никакви чекори во насока на борбата против криминалот и корупцијата. Novamakedonija
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој престојува во Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, изјави дека Северна Македонија и целиот Западен Балкан имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, но мора да ги завршиме задачите што стојат пред нас. Mk
Знаете дека наидовме на масакриран буџет од владеењето на СДСМ и ДУИ во текот на изборната година од чисто изборни причини, додаде Фетаи.
Според него, од тие причини новата Влада морала да преземеме мерки за санирање на состојбата во институциите, а да одговори на барањата од меѓународните партнери, но дека на владина седница била постигната согласност скратената постапка за носење на закони да се користи што е можно помалку, да се почитуваат законските рокови и да се вклучи на граѓанското општество во тие процеси. Republika
Како што стои во соопштението од кабинетот на Фетаи, известувачот за Северна Македонија, Ваиц посочил дека нашата земја треба да го искористи моментот создаден од руската агресија во Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите за брзо членство во ЕУ. „Европратеникот вети дека ќе направи се што е во негова моќ и во моќ на Европскиот парламент да ја оствари овбаа заедничка цел“, На средбата вицепремиерот Фетаи го информираше европратеникот Ваиц за активностите на владата за спроведување на реформската агенда, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата, а ја нагласи и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект.
Вицепремиерот посочи дека ќе се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на државата. 360stepeni
Заканата била упатена преку анонимна електронска пошта и била поттикната од заложбата на Фетаи да се замени формулацијата во Уставот „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“ со албански јазик.
Пораката е насловена „Куршум во глава за тебе шипо Фетаи“. Mk