Како пример дека премиерот е тој што сака да го партизира правосудниот систем, од СДСМ го посочуваат случајот со еден од двајцата кандидати за членови на Советот на јавни обвинители, Ардијан Демири, кој го помина комисискиот филтер во Собранието, но откако во јавноста беше објавено дека тој е близок со вицепремиерот Изет Меџити и бил политички ангажиран, предлогот за негов избор беше повлечен од пленарната седница закажана за утре (12 ноември). „Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители.