Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ. Libertas
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури, порача денеска лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.
Во врска со вчерашниот прекин на седницата на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, тој во одговор на новинарско прашање рече дека има две димензии, односно дека ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека незаконски поставиле директор на АНБ и дека обидот за попречување на слободата на изразување во иднина може да стане поагресивен. Biznisvesti
Проследете ја прес конференцијата на претседателот на СДСМ Венко Филипче за Предлог-буџетот:. Nezavisen