Но, пред пет – шест месеци завршија изборите.
Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку еднаш да бара избори. Biznisvesti
Министерот за здравство и лидер на АА денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори. A1on
Слични пораки интегративците испраќаа и за укинувањето на балансерот.
Партиското раководство одржа и состанок на највисоко ниво на кој се решија, наместо на протести, незадовоството да го искажуваат на партиски митинзи. Sitel
Мотивација и мобилизација на „најаденото и дебело“ членство пред претстојните локални избори, а не реален повик за протести, пренесе ТВ Алфа.
Ова, според дел од аналитичарите, се всушност заканите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во очај и страв ги упатува на адреса на власта, а ѝ самиот е свесен дека во редовите на партијата нема гладни и незадоволни членови коишто ќе излезат на улица. Republika
За лидерот на СДСМ Филипче, изјавите на Ахмети не значеле дестабилизација, туку само вообичаен политички фолклор.
Пораките на Ахмети доаѓаат во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот јазиците која се најавува за средината на идниот месец. Sitel
Веќе има информации дека наскоро ќе биде повикан во Хаг, но во кое својство, тоа сѐ уште не е дефинирано.
Повиците на Ахмети за кревање на сите Албанци во одбрана на албанскиот јазик, доколку Уставниот суд не донесе одлука според желбите на ДУИ, не можат да се протолкуваат никако поинаку освен како директен притисок врз Уставниот суд и како обид за заплашување на јавноста преку закана по безбедноста на државата. Novamakedonija