Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план, и за македонските аспирации за членство во Европската Унија. Libertas
Надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани изразила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На средбата, што се одржала во Баку, во рамки на Самитот за климатски промени (КОП29), една од темите на која разговарале Сиљановска-Давкова и Орбан биле македонските аспирации за членство во Европската Унија. 360stepeni