Но, пред пет – шест месеци завршија изборите.
Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку еднаш да бара избори. Republika
Министерот за здравство и лидер на АА денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори. A1on
А Ахмети стана особено гласен заради одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе за примената на Законот за употреба на јазиците.
Во меѓувреме, голем дел од членството на ДУИ се прелеа во ВЛЕН, а на стаклени нозе му се Кичево и Струга, со тамошниот градоначалник Мерко, па оттука Ахмети нема голем избор за обид на мобилизација на и онака распаднатата партиска структура. Republika
„Идната година секако ќе има избори, меѓутоа тоа ќе бидат локални избори, ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме да зборуваме за тоа“.
Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција, како одговор на прашање дали идната година треба да се одржат предвремени парламентарни избори според предлогот на лидерот на опозициската партија ДУИ, Али Ахмети. Plusinfo