Зголемување од фантастични 75% за набавка на нови возила за функционерите, предвидува власта, во Буџетот за 2025 година, контрадикторности и расипнички трендови, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прва седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025. Libertas
Речиси двојно повеќе возила за функционерите ќе купите од СДСМ.“-додаде Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче укажа на загрижувачкиот тренд на зголемување на средствата за Министерството за внатрешни работи, додека истовремено се намалуваат средствата за Министерството за одбрана. Press24
Во предложениот Буџет за 2025 година, средствата за поддршка на домашни компании се намалени од 340 милиони денари на само 220 милиони денари, додека истовремено средствата за поддршка на странски компании се зголемени, истакна на денешната комисиска расправа претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Press24
Да ја цитираме тогашната опозиционерка денес министерка за финансии: „Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции”, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ”.
Е денеска, вие самата предлагате покачување на 19% на буџетот за стоки и услуги, од 58, на 72 милиони! Libertas
Тука не се правдајте со донации од надвор, прашањето е: зошто Владата не издвојува повеќе средства за решавање на овој горлив проблем“, праша Филипче.
Филипче ја потсети министерката за финансии на Планот за чист воздух, донесен на почетокот на мандатот на Владата на СДСМ, поддржан од Европската Комисија и со акционен план и алоцирани средства од 1,5 милиони евра и праша, дали проектираните 368.000 евра за 2025 година се доволни за справување со загадувањето. Kajgana