Министерот Тошковски на крај истакна дека министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ги дигитализира своите процеси и услугите за граѓаните бидејќи само така се олеснуваат чекорите до остварување на правата на граѓаните од една страна а се намалува можноста за било каква корупција од друга страна.
Министерот за дигитална трансформација ја поздрави можноста МВР да ги дигитализира процесите и на граѓаните да им понуди дигитални услуги кои ќе штедат нивното време и трошоци притоа употребувајќи ги националните ресурси како националниот портал uslugi.gov.mk каде покрај сите достапни услуги за граѓаните ќе биде достапна и оваа можност за аплицирање за дозвола за оружје. Skopjeinfo
Министерството за внатрешни работи, Одделот за дисциплински постапки спроведе дисциплинска постапка по предлог на Одделот за внатрешна контрола за поголем број на лица и за оние каде што се констатираа незаконитости, а притоа истите не беа застарени како предмети, донесе, колку што сум запознаен, 15 решенија за отказ на високи полициски функционери кои издавале дозволи и работеле спротивано закон.
Согласно напаствија на надлежен јавен обвинител, во наредниот период ќе следат и кривични пријави за сите оние кои што има докази дека сториле конкретно кривично дело. Netpress
Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5.000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Denesen
Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, со кој ја презентираа новата дигитална алатка која што треба да овозможи неселективен пристап при издавање на дозволи, како и да го олесни процесот на издавање на потребните документи на граѓаните.
Тошковски посочи дека голем број на граѓани доставувале лично до него, како и до неговиот кабинет претставки и поплаки во врска со начинот на којшто МВР ги спроведувало постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје и по извршена темелна истрага било констатирано дека се постапувало селективно, а не хронолошки како што требало да постапуваат. Republika
„Мислам дека некаде за отприлика петнаесетина лица, кои што биле високи полициски функционери во рамки на функционирањето на претходната власт од страна на дициплинската комисија се изречени дисциплински мерки отказ“, Дополнително, министерот најави и дека по насока на јавен обвинител против сите оние кај кои ќе биде утврдено дека сториле кривично дело во наредните денови ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.
„Тие заслужиле отказ, си добиле отказ во рамки на дисциплинска постапка, а согласно напатствијата на јавниот обвинител ќе следи и соодветна кривична постапка за оние за кои постојат елементи дека сториле кривично дело. 360stepeni
Министерот за дигитална трансформација ја поздрави можноста МВР да ги дигитализира процесите и на граѓаните да им понуди дигитални услуги кои ќе штедат нивното време и трошоци притоа употребувајќи ги националните ресурси како националниот портал uslugi.gov.mk каде покрај сите достапни услуги за граѓаните ќе биде достапна и оваа можност за аплицирање за дозвола за оружје.
„Освен националниот портал uslugi.gov.mk овде ќе биде искористена и платформата за операбилност каде институциите меѓу себе ќе ги прибавуваат доказите и информациите за граѓаните, без за тоа граѓаните да имаат обврска да одат од шалтер на шалтер и да трошат дополнително време и ресурси., истакна министерот Андоновски. Press24
Како што објавува Сител, Комисијата за ревизија на МВР утврдила дека во минатото биле издавани дозволи на лица кои не ги исполнувале условите, додека на оние кои ги исполнувале условите им било одбиено барањето.
Министерот најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи за оружје, што ќе ја елиминира дискреционата власт на функционерите во МВР и ќе го поедностави процесот за граѓаните. Telma
Барањето почнува со предфаза, во која ќе се утврди дали лицето во согласност со законските норми исполнува услови за да се стекне со дозвола за оружје и притоа никој нема да има дискреционо право да фаворизира, туку ќе се постапува неселктивно по сите барања.
Апликантот ќе биде известен на електронска пошта дали е подобен да добие дозвола за оружје. Kajgana
Криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема, за настанот со фрлената бомба во Керамидница информации објавуваат српските и хрватските медиуми, соопшти СДСМ.
„Негативните вести за криминалните банди во Македонија и за неспособноста на Тошковски далеку одекна и надалеку се слуша. Press24
Министерот Андоновски ги повика граѓаните масовно да го користат порталот uslogu.gov.mk како за оваа услуга така и за сите останати услуги достапни на порталот и ги повика сите институции да работат на својата агенда за дигитализација и да нудат на граѓаните дигитални услуги кои ќе ќе го штедат времето и ресурсите на своите граѓани.
На настанот од стана на Одделот за информатичка и телекомуникации на МВР беше презентирана во живо постапката за аплицирање за дозвола за оружје. Press24
Согласно напатствијата на јавниот обивнител ќе следи и соодвента кривична постапка за оние за коишто постојат, изјави Тошковски.
Тошковски, исто така, најави дека се размислува за носење нов закон што треба да ги регулира сите права за поседување оружје, што ќе биде усогласен со правата на граѓаните на ЕУ. -Мораме да имаме темелна анализа, мораме да работиме посветено во интерес на граѓаните, мора да наоѓаме системски решенија, изјави Тошковски. Press24
Според него тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го ускратувале на лица кои исполнувале услови.
Тошковски најави дека во иднина издавањето на дозволи за поседување на оружје ќе биде поедноставен, а најголем дел ќе биде и електронски. Telma
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека отказ добиле 15 полициски службеници бидејќи дозволи за поседување на оружје земале луѓе кои законски немале право. Faktor
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во интервју за Сител, вели дека 15 високи функционери во МВР добиле откази, а ќе следат и кривични пријави поради давање дозволи за оружје на луѓе кои немале законско право на тоа. Skopjeinfo