Во таква ситуација, при легитимирана „Северна“, при расположение за изнаоѓање модус или пакет околу уставните измени со цел внес на Бугарите во преамбулата, како и при исклучително забавена испорака во делот на правдата и правната држава, имајќи ја предвид нестрпливоста на граѓаните на овој план, тогаш евентуална соработка на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, макар и тоа бил реформиран ДУИ без и останатите од првиот партиски ешалон, дополнително ќе го намали авторитетот на партијата, кога е во прашање дадениот збор и повлечените потези.