Fokus
Меѓутоа, овие избори Филипче би можел да ги искористи за поставување нови, многу поквалитетни, поборбени, но и полојални пратеници, бидејќи сегашната пратеничка група на СДСМ е, народски кажано, каша-попара.
Притоа, има уште една причина која би одела во прилог на СДСМ, а тоа е дека на следните избори ќе има реална шанса да се бори за враќање на дел од гласачите што се одлеаја во ЗНАМ, од кои еден дел веќе го искажаа својот гнев и се подготвени да се вратат во старото јато, а оној другиот клиентелистички дел сигурно, во голема мера, е незадоволен од добиеното, бидејќи просто има премногу крокодили, а барата е премала за сите. Fokus