Предлог Буџетот за 2025 година не е план за економски развој, туку план за комфор на елитата на власта, има повеќе пари за мебел и возила а нема за граѓаните, за здравјето, за образованието, за стандардот.
Денес на Комисијата за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески, кој посочи дека Фатмир Битиќи е тотално некомпетентен да изнесува такви ставови во однос на буџетот и дека тој самиот треба да се запраша за него и неговата сопруга, каде завршиле парите кои ги добиле од државниот грант со сума од над 600 илјади евра, и зошто само по пет дена од добивањето истите тие прават обид за прикривање на тоа.
Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто.