Заврши вториот ден од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет за Предлог-буџетот за 2025 година.
Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната седница на собраниската комисија за финансирање и буџет истакна дека првиот буџет предложен од новата владата, во вредност од 6,5 милијарди евра, најголем буџет досега, е нереален, нималку развоен, туку трошковен, недомаќински, предизборен и најважно од се невизионерски, неинвентиен и буџет на нови долгови и нова изгубена година за економијата и граѓаните.