Според Милутин Секулоски, носител на највисокото ниво на меѓународен нуркачки инструктор (инструктор тренер), човекот што направи подвиг обиколувајќи го целиот брег на Охридско Езеро (и на македонска и на албанска страна) и снимајќи ги на видео и регистрирајќи ги подводните промени на критичните длабочини, до 12 метри, каде што се највидливи хидробиолошките (и еколошките) промени, констатира недвосмислено дека „луѓето (човекот) и неодговорниот однос се најголемите виновници за деградација на нашиот езерски, македонски бисер“! Novamakedonija