Претставници и функционери на партиите и коалициите на Албанците од власта и опозицијата во земјава со дијаметрално спротивставени наративи ја коментираат и оценуваат вчерашната изјава на косовскиот премиер Албин Курти во врска со претстојната одлука на Уставниот суд на Северна Македонија за Законот за јазиците.
Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада, зборуваше за загрозувањето на албанскиот јазик во Македонија, како што тврди албанската опозиција, и побара од Косово и од Албанија да го заштитат.
Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години, изјави косовскиот премеир Албин Курти што беше студен туш за Али Ахмети кој се уште тешко ја поднесува позицијата во опозиција.