Многу галама се крева во јавноста, околу тие проекти за општините, колку биле 250,100 милиони евра, а гледаме дека ни 60 милиони не се склучени, а камо ли да бидат реализирани, а тоа со заеми, камати, кои и не знаеме ни колку ќе бидат, а со оваа програма за рурален развој во последните 4 година, без денар заем, имаме реализирано 204 проекти, водоводи, канализации, културни домови, плоштади, театри, се она што ќе финансира од заемот од Унгарија, сега со заем, истакна Николовски Тој прецизираше дека со оваа програма, секоја општина рамномерно има добиено 3 или 4 проекти, во вкупен износ од 49 милиони евра, коишто веќе се исплатени.