Во Приштина денеска ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и Косово, на која ќе бидат потпишани неколку меѓудржавни договори. Libertas
Воедно, во 13:45 часот заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски и претседателот на Владата на Република Косово, Курти.
Владата на Косово, во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина, вчера одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија. Kanal5
Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“.
Првата заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово беше одржана во Скопје на 16 септември 2021 година. Sitel