Вториот е Информација за склучување на протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“.
Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите. Denesen
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со премиерот на Косово, Албин Курти, зборуваше и за апсењата на поранешните војници на Ослободителната војска на Косово во Македонија. Republika
Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Северна Македонија.
Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Civilmedia
Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два.
На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните – рече тој. Novamakedonija
Владите на Северна Македонија и на Косово денеска напладне во Приштина ќе одржат заедничка седница. A1on
Конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот се договорени денеска во Приштина, на втората заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Biznisvesti
Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа.
Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука. Skopjeinfo
Владата на Косово, во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи во Приштина, вчера одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ – Блаце и Глобочица – Јажинце“. Denesen
Во Приштина денеска ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и Косово, на која ќе бидат потпишани неколку меѓудржавни договори. Libertas
Во Приштина денеска ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и Косово, на која ќе бидат потпишани неколку меѓудржавни договори.
Како што е најавено, на почетокот ќе се одржи одвоена средба на премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти, а во исто време ќе започнат и средбите на министрите од двете влади. Fokus
Мицкоски оцени дека средбата била исклучително продуктивна, со искрен и отворен дијалог што е од клучно значење за зајакнување на односите меѓу двете земји.
Косовскиот премиер Курти му се заблагодари на премиерот Мицкоски за волјата за продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството меѓу двете држави во интерес на граѓаните и на регионот. Nezavisen
Со интонирање на македонската, а потоа и на косовската химна, со највисоки почести денеска во Приштина беше пречекан премиерот Христијан Мицкоски од страна на својот косовски колега, премиерот Албин Курти. 360stepeni