Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
18
5.41
16.60
5.27/0.45
18.00
4.53
0.25
1644.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 18
45 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 432.4
Best clustering variants
45 0.99/0.01 2 432.4
10:00 h 20-Nov-2024
  • „Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш, исто така како што е наша татковината“, напишал Крсте Петков Мисирков Институтите за национална историја, за македонски јазик, за фолклор и за македонска литература во понеделникот, 18 ноември, организираа тркалезна маса со наслов „Академскиот профил на Крсте Мисирков“ по повод 150 години од неговото раѓање.
  • ◉ Мисирков како историски компас
12:36 h 18-Nov-2024
  • Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист и е нашиот цивилизациски влог во развојот на филолошката, на лингвистичката мисла од тој период.
  • Тркалезна маса: Афирмацијата на делото на Мисирков е потребна и денес
10:00 h
  • „Нашиот правопис и правецот на нашиот литературен јазик ќе треба да биде во полна зависност од таа тенденција што ќе не раководи нас при нашата национална преродба.
  • Македонскиот јазик е светост
09:34 h
  • По повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, авторот на „За македонцките работи“, книгоиздателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Окружението на Мисирков“ од универзитетскиот професор Димитар Пандев, автор на редица значајни книги од областа на македонистиката, особено од областа на општата лингвистика и историја на македонскиот јазик, како што се во најново време „Историски портрет на македонскиот литературен јазик“ и „Писателот во функција на јазикот“ (во издание на „Панили“ и „Матица македонска“) во кои меѓу другото им посветува соодветно место и на дејноста на Крсте Мисирков.
  • „Окружeнието на Мисирков“ – нова книга од Димитар Пандев
09:16 h
  • На 18 ноевмри во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.
  • 150 години од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков
09:03 h
  • Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.
  • Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“
Novamakedonija

На настанот се зборуваше за Мисирков како македонист, славист и антрополог, за неговиот однос со словенофилството, за македонскиот историски наратив во опусот, за мултидиспиплинарниот пристап како една од особеностите на неговото дело, за улогата и значењето на Мисирков во експедицијата на Н.П. Кондаков – „Македонија 1900 година“, за култната книга „За македонцките работи“… за тоа дека треба да се потсетиме на тоа што ни го остави Крсте Мисирков како аманет и само треба да ја продолжиме неговата борба.

Ако тој во време на непризнавање на македонскиот народ, на непостоење на македонска држава, целиот свој работен и животен век го посвети на македонското прашање и на признавањето и создавањето на македонскиот јазик, ние сме должни, тоа е наш патриотски чин да го истражуваме македонскиот јазик, да го проучуваме и, секако, да се потсетуваме на делото на Крсте Мисирков. Novamakedonija

Novamakedonija

Но една од темите особено ме натера на размислување – „Мисирков направи доволно за нас, но дали ние правиме доволно за него?“ Ако знаеме дека значењето на македонскиот јазик како обележје со кое се штити македонскиот идентитет за нас е од клучно значење, дали се доволни заложбите за негување и понатамошна афирмација на улогата на Крсте Петков Мисирков преку собири, дискусии, тркалезни маси… или е потребно нешто повеќе.

Министерството за образование неодамна најави повеќе активности како финансирање научни проекти и особено внимание на учењето на македонскиот јазик, активни политики за стипендирање студенти на програмите по македонски јазик и книжевност, проширување на можностите за финансирање на научната работа…, но засега сето тоа е само декларативна заложба за повеќе грижа за јазикот и индиректно за наследството што ни остави еден од, за нас, најзначајните македонски филолози, славист, прв неформален кодификатор на македонскиот јазик и правопис, историчар, етнограф, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Novamakedonija