За тоа е потребно промена на начинот на финансирање, но и квалитетот, како што кажав, изјави Николовски.
Посочи дека во Програмата на УСС на УКИМ за оваа година е укинување на сите дополнителни давачки на студентите, затоа што членот 123 од Законот за високо образование, како што рече, предвидува дека МОН ги покрива трошоците за студирање на студентите. Biznisvesti
Меѓународниот ден на студентите – 17 Ноември денеска се одбележува со неколку настани, меѓу кои беа и панел-дискусии на Правниот факултет „Јустинија Први“ на УКИМ.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет, Александар Николовски, истакна дека за студентите е најважен квалитетот на високото образование, намалување на, како што рече, „огромниот број студиски програми“, промена во нивниот концепт затоа што се соочуваат со недостиг на практични вештини. Biznisvesti