На денешната амандманска расправа ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот кој го предложи СДСМ, за помош и финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили и нивните семејства. Kanal5
Овој амандман е предложен за да се обезбедат финансиски средства и СДСМ бара да се направи комисиски амандман за овие пари да се најдат во буџетот, со што ќе ги предвидиме средствата за имплементација на овој закон во буџетот за следната година, прифаќајќи ги и вашите забелешки, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
За жал заменик министерот за финансии и пратеникот на ДПМНЕ, рекоа дека не го прифаќаат комисискиот амандман предложен од СДСМ за финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили со што уште еднаш го покажаа лицемерието, додаде Петровска. Fokus
Реално Скопје се наоѓа во голема криза, велат од СДСМ.
„Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска. Press24