И четвртиот ден од собраниската комисиска расправа со кој е исцпрен општиот претрес, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите околу Предлог-буџетот за 2025 година.
Производството на храна и секторот земјоделство, се сектори кои се битни за сите граѓани и во кои не смее да има поделби, за кои мораме да се усогласиме дека навистина ги таргетираат сите граѓани и за кои треба да анализираме, да дискутираме сериозно, а не да зборуваме за се и сешто, а најмалку за тоа што се факти и аргументи, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, во рамките расправата во собраниската комисија за финансирање и буџет.