Гордана Сиљановска-Давкова, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени со меѓународни договори едноставно мора да се почитуваат, изјавил денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи ја вчерашната изјава на македонската претседателка дека излезното, соломонско решение за спорот со Бугарија се уставни измени со одложено дејство, пренесе бугарската агенција . Радев, како што јавува агенцијата, го демантирал тврдењето на македонската претседателката дека на нивната средба во Баку тој не го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство. Libertas
Јас сум должна да го бранам националниот интерес, но, не со скандали, не со навреди, туку со почит – рече Силјановска Давкова додавајќи дека и културната дипломатија дава големи резултати.
На прашањето дали може да се говори за некакви временски рамки за надминување на спорот, со оглед на тоа што и премиерот Христијан Мицкоски по нејзината средба со бугарскиот претседател рекол дека до крајот на годинава ќе може и ние да продолжиме со нашиот процес за евроинтеграции на достинствен начин, македонската претседателка рече дека и таа го очекува истото. Novamakedonija
Ја запознав и со нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка и, што е многу важно, со вториот протокол според овој Договор.
Тоа се меѓународни обврски, а г-ѓа Сиљановска, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени според меѓународните договори едноставно мора да се исполнат. Nezavisen