Инаку, како дел од досегашната соработка ЕУ во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во септември годинава одобри 13 милиони евра помош наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ). Доделените средства се наменети за набавка на технологии за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, на логистичка и инженерска опрема, како и на комуникациски и информациски системи, а со нив ќе се обезбеди и техничка обука за користење на опремата. Novamakedonija